Ангелина Станојоска
Проф-др Ангелина Станојоска
angelina.stanojoska@uklo.edu.mk

Проф. д-р Ангелина Станојоска е редовна професорка по Криминологија на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Северна Македонија. Дипломирала на Полицијата академија – Скопје (2008), а магистрирала на програмата Криминологија и криминалистика (2011) и докторирала на безбедносни науки на Факултетот за безбедност – Скопје (2014).

Станојоска е Фулбрајт стипендистка-алумни, а во текот на 2021 година истражувала на Одделот за криминологија и кривична правда при Универзитетот во Мизури-Сент Луис, САД, за Генералната теорија на напнатост и злоупотребата на психоактивни супстанции. Исто така, во 2023 година ја добила престижната Chevening Western Balkans Cybersecurity Fellowship, а потоа истражувала и работела на проекти поврзани со дигиталното родово-базирано насилство, технички потпомогнатото сексуално насилство, насилството во училиштата и слично.

Станојоска од јануари, 2023 година е Продекан за наука и меѓународна соработка на Правниот факултет.

Таа е авторка на три универзитетски учебници по криминологија, една монографија за криминолошки теории и сексуално вознемирување на универзитетите, две за извршувањето на кривичните санкции во Северна Македонија и значителен број научни трудови и истражувачки извештаи. Нејзината експертиза е во областа на дигиталното родово-базирано насилство, криминалот на жените, насилните кривични дела, третманот на осудени жени.

Покрај ова, како алумни, во текот на 2023 и 2024 година, Станојоска беше координатор на проектот „DiCapSIW: Зајакнување на дигиталните капацитети и вештини на осудените жени во Северна Македонија“ финансиран од Амбасадата на САД во Скопје во рамки на AIEF 2023, како и на проектот „Овластување на студентите да го запрат родово-базираното насилство“ финансиран од Британската амбасада во Скопје како дел од CAPF 2024. 

Дополнително била раководителка на други научно - истражувачки и апликативни проекти, како и ангажирана како експертка од Советот на Европа, DCAF, IDLO, како и други меѓународни и домашни невладини организации.