Сајбер насилство

Дигиталното насилство вклучува „употреба на компјутерски системи за предизвикување, олеснување или заканување со насилство врз индивидуи, што резултира или е веројатно да резултира со физичка, сексуална, психичка или економска штета или страдање и може да вклучува искористување на околностите, карактеристиките или ранливоста на индивидуата“ (Совет на Европа, 2018: 5).

 

Што е сајбер насилство?

Сајбер насилство во училишната средина претставува форма на насилство што се врши преку електронски средства за комуникација, преку најразлични дигитални уреди

Тоа подразбира објавување, испраќање или споделување навредливи, заканувачки, понижувачки, лажни или штетни текстови, фотографии, видеа или други содржини со намера да се повреди, понижи, заплаши или изолира поединец или група ученици

Сајбер насилство

Оваа појава, наречена и сајбер насилството, се дефинира како: агресивен, намерен чин извршен од група или поединец, со употреба на електронски форми на контакт, повторувано со текот на времето, насочено кон жртва која не може лесно да се одбрани (Menesini et al., 2009).