Поради тоа може да се повлечеш од другарите и семејството, да имаш негативни мисли и да зборуваш сам/а со себе на негативен начин, да имаш грижа на совест за нешто што си направил/а или не, или да имаш чувство дека те судат.
Може да изгубиш мотивација за работите во кои обично уживаш и може да се чувствуваш изолирано од луѓето кои ги сакаш и во кои имаш доверба. Ова може да ги продлабочи негативните чувства и мисли, што пак може негативно да им влијае на твоите ментално здравје и благосостојба.
Бегањето од часови е уште една честа последица на онлајн-насилство и може да влијае на менталното здравје на младите луѓе, кои се обидуваат психолошката и физичката болка да ги надминат со алкохол и дрога или со насилничко однесување. Разговорот со другар или возрасен на кој му веруваш може да биде првиот чекор кон наоѓањето помош.
Роблокс
Сајбер малтретирањето може сериозно да влијае врз твоето ментално здравје и општа благосостојба. Важно е да разговараш за тоа што го доживуваш, идеално со возрасен на кој му веруваш. Може да ти помогне да пронајдеш начин како да се справиш со ситуацијата и да се погрижи да добиеш потребна поддршка.
Roblox во соработка со фондацијата Jed ја креираше оваа корисна алатка – Водич за тинејџери за емоционална безбедност на Roblox, кој содржи многу совети за грижа за твоето ментално здравје.
Снепчет
Сајбер малтретирањето отвора врата за 24-часовно вознемирување и може сериозно да наштети. Затоа на Snapchat нудиме вградени алатки за заштита, како и поддршка за ментално здравје и благосостојба директно во апликацијата.
Сепак, нашиот најважен совет кога станува збор за било каков проблем поврзан со благосостојбата е: разговарај со некого – пријател, родител, старател или возрасен во кој имаш доверба.
На Snap, ништо не е поважно од безбедноста и благосостојбата на нашата заедница. Обрати се и кажи ни како можеме да помогнеме.
ТикТок
Онлајн-насилството може негативно да влијае на менталното здравје на луѓето. Затоа е важно да побараш помош од некој во кого имаш доверба – без оглед дали е родител, наставник, другар или лице кое се грижи за тебе – и да му кажеш што ти се случува за да ти помогне. Во нашиот водич за спречување онлајн-насилство има список со ресурси со кои полесно ќе најдеш поддршка.
Благосостојбата на нашата заедница ни е од огромно значење и во целост го препознаваме фактот дека онлајн-насилството може да има сериозно влијание врз менталното здравје на луѓето. Покрај тоа што преземаме сериозен чекор против содржини и однесувања што предизвикуваат засрамување, насилство или вознемирување на членовите на нашата заедница, во партнерство со стручни лица, го развивме нашиот Водич за благосостојба, сѐ со цел да им помогнеме на луѓето да разберат повеќе за подобрување на нивната состојба, воедно и да го одржиме Тикток како безбеден и инклузивен простор за нашата заедница.