Истражувачкиот тим кој работи на проектот „Употребата на дигиталните платформи и сајбер насилството во училишната средина“ е составен од еминентни професори и млади истражувачи од Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Проектот е поддржан и финансиран од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија за 2025 година.
Истражувачкиот тим обединува експерти од различни области како што се криминологијата, казненото право, безбедносните науки, информатиката и граѓанското право, со цел сеопфатно истражување на феноменот на сајбер насилството меѓу учениците.