Што е сајбер-булинг?

By alfa4 , 23 Април 2026
Што е сајбер-булинг?
Сајбер-булинг е насилство со употреба на дигиталните технологии. Може да се одвива на социјалните медиуми, платформите за размена на пораки („месиџинг“), платформите за играње („гејминг“) и на мобилните телефони

 Станува збор за однесување кое се повторува, а чија цел е да се заплашат, разлутат или посрамат оние кон кои е насочено. 

Такви примери се:

  • Ширење лаги или објавување засрамувачки пораки, слики или видеа преку платформи за размена на пораки
  • Претставување како друга личност и испраќање злобни пораки во нивно име или преку лажни профили
  • Сексуално вознемирување или малтретирање со користење на алатки базирани на генеративна вештачка интелигенција

 

Насилството лице в лице и онлајн-насилството често се случуваат паралелно. Но, сајбер-силеџиството остава дигитален отпечаток – запис кој може да биде од корист и да послужи како доказ кој ќе помогне да се запре малтретирањето.