Младински панел - Мојот дигитален отпечаток
Твојот смартфон е моќна алатка, но како твоите зборови на интернет влијаат на твоите соученици? Дојди на отворениот панел каде младите отворено зборуваат за своите искуства со дигиталните платформи.

Овој настан е креиран од млади за млади. Ќе дискутираме за тоа што значи да се биде одговорен дигитален граѓанин и како да се заштитиме од сајбер булинг. 

Низ отворена дебата ќе ги споделиме личните искуства со игнорирање, навреди и озборувања на социјалните мрежи и гејминг платформите. 

Заедно ќе креираме „Онлајн бонтон“ за нашето училиште кој ќе промовира другарство, емпатија и меѓусебно почитување во виртуелниот свет.