Јас сум м-р Ана Џима, родена на 19.01.2000 година во Битола. Основното и средното образование ги завршив во Битола, по што во 2018 година се запишав на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, каде дипломирав со просечен успех 9.48. Во текот на студиите бев активен член на клубот Titus Flavius Orestes, учествувајќи на регионални и меѓународни moot court натпревари.
Моето образование го продолжив на магистерски студии по Казнено право и криминологија, кои ги завршив во 2023 година со просек 10, со одбранет магистерски труд на тема „Социјалната дезорганизација и територијална распространетост на детското престапништво во Општина Битола“. Во текот на студиите учествував на студентски конференции и бев дел од Правната клиника за бесплатна примарна правна помош.
Професионалното искуство го започнав како правник во приватниот сектор, работејќи на прашања од трудово, облигационо и трговско право. Паралелно се развивав и во областа на човечки ресурси, стекнувајќи искуство во управување со кадар, организациски развој и оптимизација на процеси. Во моментот сум вработена како правник и менаџер на сектор човечки ресурси во приватна компанија од Малта со претставништво во Битола, каде сум одговорна за правни прашања, склучување на меѓународни договори и посебна посветеност на кадарот и раководењето со човековите ресурси.
Во 2024 година се запишав на докторски студии по Административно право и администрација на Правниот факултет при УКЛО. Мојот интерес е насочен кон истражување и унапредување на правната наука, со посебен фокус на административното право и институционалните процеси.
Минатата година (2025), како кандидат на докторски студии учествував со свој труд во Зборникот на трудови како дел од Конференцијата, насловена ,, “Towards a Better Future: Justice, Development, and Artificial Intelligence” на Правен Факултет – Кичево, при УКЛО, со наслов на трудот ,, Ensuring fair and sustainable development in private sector HR: the role of public administration in the age of AI in North Macedonia’’.
Континуирано се усовршувам преку учество на семинари, работилници и обуки од областа на правото и управувањето со човечки ресурси.